Министерството за култура ги одбило проектите на НУ Центар за култура за енергетска ефикасност.
Пропаднал обидот да се замени внатрешната дограма и влезот на двете сали и билетарата. Од Ценатрот за култура напоменуваат дека нема да се откажат од обидите за реновирање и соработка ќе побараат од општествено одговорните охридски компании.
Нема финансиски средства за енерегетска ефикасност за Центарот за култура „Григор Прличев“. Ресорното министерство не дало зелено светло за проектите со кои центарот аплицирал за подобрување на енергетска ефикасност на објектот. Станува збор за огромен простор кој во зимскиот период тешко се загрева и брзо се лади.
„Не добивме пари. Имавме аплицирано со проект да се замени дограмата во НУ. Не беше одобрена програмата, побаравме со проект да се сменат и влезно -излезните врати, во двете сали и тој проект беше одбиен. Во тој поглед не сум задоволен , но не се откажуваме “, вели Горан Симоноски , директорот на НУ Центар за култура.
Во комуникација сум со општествено одговорни охридски компании, посочува Симонски во намерите да се подобрат условите во објектот. Во изминатиов период доста компании од градот помогна за да се направат некои зафати кои со години не биле направени врз објектот , укажува Симоноски.
„Ја варосавме големата сала не беше варосана од кога е направен Центарот за култура. Помогна градежната компанија Ремис , имавме чистење и на теписонот и седиштата во салата. Не сме во можност да ги менуваме, но направивме хемиско чистење. Имавме реновирање и на изложбениот салон кој одамна не беше белен. Работиме колку можеме во соработка со стопанствениците кои помагаат според можностите“ , информира Симоноски.
Горан Симоноски напоменува дека преговара и со ресорното министерство и со Агенцијата за филм за набавка на нова опрема за проектирање на модерни филмски изданија во 3Д. Со години љубителите не следеа филмски проекции , но ние се потрудивме да ја вратиме публиката и сме презадоволни од посетеноста на досегашните кино проекции како што беа доамшните филмови Врба, Медената земја и Дедо и внук , додава директорот на Центарот за култура.