Министерството за животна средина и АДКОМ потпишаа Меморандум за соработка во Охрид
Вчера во Охрид министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и претседателот на Здружението на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија – АДКОМ, Пеце Милевски потпишаа Меморандум за соработка со кој ja потврдија соработката меѓу двете институции.
Министерството за животна средина и просторно планирање и АДКОМ се долгогодишни партнери со заеднички утврден интерес за остварување на меѓусебна соработка, изразена преку размена на стручни и апликативни мислења и практики од областа на управувањето со водите и отпадот. Потпирајќи се врз правната рамка со која се регулираат надлежностите, МЖСПП и АДКОМ го потпишаа овој Меморандум, продолжувајќи ги заложбите за унапредување на квалитетот, ефикасноста и одржливоста во испорачувањето на јавните комунални услуги во Република Северна Македонија.
Меморандумот за соработка беше потпишан во рамки на дводневниот настан „Денови на комунални услуги“ што се одржуваат вчера и денес во организација на АДКОМ во Охрид со цел поблиско запознавање со работата, успесите, секојдневието, но и проблемите во работењето на Јавните комунални претпријатија.