Skip to main content

Охриѓани ги изложија своите проблеми пред премиерот и министрите во Владата на Р Македонија

Граѓанска трибина на ВМРО ДПМНЕ во Охрид.

 |  Маленкова Татјана  | 
tribina VMRO DPMNE Ohrid
трибина ВМРО ДПМНЕ Охрид

Премиерот на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во рамки на редовните активности и средби со граѓаните на караванот на Владата на Република Македонија на граѓанска трибина во Охрид. Преставниците на Владата ресорните министри, државни секретари и директори на државни и јавни претпријатија, покрај за оствареното, со охриѓани ги споделија и плановите за иднина.  Груевски истакна дека Владата ги исполнува сите ветувања, а едно од нив е дека секоја година најмалку еднаш годишно преку tribina VMRO DPMNE Ohridјавна отворена трибна ќе се среќаваат со граѓаните, со цел од прва рака да бидат информирани за ефектите од  работењето на Владата.  
„Останавме доследни на воведувањето на реформите кои го подобруваат животот на граѓаните. Проекти од економијата, социјалата, туризмот, земјоделието, образованието и здравството за поквалитетно општество“, истакна премиерот Никола Груевски.
Тој потенцираше дека Владата покажа грижа за пензионерите, со тоа што им ги зголеми пензиите, воведе бесплатно болничко лекување, и во неколку наврати ги намали цените на лековите.
Покрај за пензионерите Груевски потенцираше дека Владата  при светска и европаска економска криза успеа да ја намали невработеноста за 10%. „Реализиравме 1600 вработувања на луѓе од ранливите категории, а ќе вработиме и нови 300 хендикепирани лица во администрацијата“, рече премиерот Груевски.
Тој додаде дека во изминатиов период паралелно со пензиите се зголеми и социјалната помош, а на оваа категорија граѓани Владата им овозможи ослободување од различни плаќања. Но, Груевски признава дека  најмногу Владата била фокусирана да најде инвеститори кои ќе отворат слободни работни места.
tribina VMRO DPMNE OhridПремиерот најави и 140 милиони евра субвенции за земјоделците за следната година. Првиот човек на Владата  Груевски со посебно воодушевување пред охриѓани зборуваше и за изградбата на автопатот Кичево – Охрид која треба да започне на пролет, а ќе заврши за три години.

„По долги напори и разговори со владата на НР Кина добивме потврда дека владата на Кина ќе ни помогне со финасиски ангажман и со многу убава камата да добиеме средства за изградба на два автопати. Еден од Скопје до Штип и еден од Кичево до Охрид. Чекам сега и тука да видам што ќе смислат. Најверојатно ќе речат малку е. Ама кој смее да го каже тоа. Дали тие што ни третина од тоа не го направиле. Да го кажете вие тоа да, ама тие несмеат“, истакна премиерот на Р Македонија, Никола Грувески.

Пред охриѓани се обрати и актуелниот градоначалник на општина Охрид, Никола Бакрачески, кој се осврна Nikola Bakraceski - gradonacalnikна наследените проблеми со кои се соочува локалната самоуправа, долговите на јавните претпријатија и проектите, но и за новините кои се предвидени за следниот период.
Бакрачески потенцираше дека по добивање на мандатот за брзо време локалната успеа да го среди хаосот со дивото поставување на тезги во централното градско подрачје и дека по овој основ општина Охрид, само за неколку месеци во касата успеа да инкасира над 50 000 евра, а досега изминативе години не се собирале ни 2 000 евра.  Првиот човек на Охрид, не пропушти на трибината уште еднаш да ги потсети охриѓани  за раскинувањето на договорот за паркинзите во централното градско подрачје, и нивното префрлање на ЈП Билјанини извори.

„Веднаш по превземање на мандатот, превзедовме законски мерки и во рамките на регулативите го раскинавме договорот со фирмата која стопанисуваше со паркинг простите, а другиот дел од градот, односно пошироката градска зона спроведовме постапка – судска и на тој начин се ослободи оваа зона. Но што е важно за оваа зона – важно е зато што со давањето на овие паркинг простори во рацете на ЈП Биланини извори го спасивме ова претпријатие од пропаст и тонење“, истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Вториот дел од трибината во Охрид, посветен на проблемите на охриѓани.  Тие генерално прашањата ги насочија кон министерот за здравство, приложувајќи документација, која ја разгледуваше лично Тодоров.  Помош граѓаните бараа и за проблеми со катастарот, а занаетчиите јавно побараа законот повторно да им овозможи да имаат чираци. Сепак најгласни беа револтирани охриѓани вработени во ЕМО кои кажаа дека 8 месеци немаат земено Плата. Тие побараа отворено да им се каже кои се плановите на Владата за охридски ЕМО, затоа како што рекоа повеќе не се издржува. Помош за вработувања побараа и деца без родители, а имаше и граѓани кои реагираа на новите вработувања во МВР, сметајќи дека таму се примаат кадри без соодветно образование.
 

{loadposition content9}