Skip to main content

Втора етапа од проектот на младинската организација УФУК

Младинската невладина организација УФУК од Македонија ја реализираше втората етапа од проектот „100 години од Балканските војни“.

 |  Мишел Наумоски  | 
Bulent Aras
Булент Араш

Мир и соживот на Балканот е пораката која синоќа ја пренесоа високите турски функционери, професорот Булент Араш од Институтот за стратешки истражувања од Турција и Ѓурсел Донмез од Агенцијата за соработка на турската дијаспора. Нивната посета на Охрид е дел од реализацијата на втората етапа на проектот на турската младинска организација УФУК од Македонија „100 години од Балканските војни“. Професорот Араш го потенцираше значењето на соработката помеѓу народите на Балканот во чија насока се движи и моменталната надворешна политика на Турција.

UFUK konferencija„Турција се грижи за Балканскиот простор бидејќи соживотот на Балканските народи има вековна традиција. Услов за мир и безбедност на балканскиот простор е политичкиот дијалог, еднаков меѓу сите држави на највисоко ниво. Како второ тука е економскиот развој за спокојство и безбеден простор.“-рече професор д-р Булент Араш од Институтот за стратешки истражувања од Турција.

Ѓурсел Донмез од Агенцијата за соработка на турската дијаспора, се фокусираше на историскиот аспект кој се чини најмногу ги поврзува балканските народи.

„За време на овие сто години, во периодот од 1912 година до 2012 на овие простори имаше војни и народите доста патеа. И во најновата историја по Втората светска војна и завршувањето на Студената војна, како и распадот на Југославија сето тоа се лоши работи кои се случуваа особено на територијата на Босна и Херцеговина.“-вели Ѓурсел Донмез од Агенцијата за соработка на турската дијаспора.

Инаку, оваа средба беше во организација на турската младинска невладина организација УФУК од Македонија. Тие во Март месец годинава заедно со невладината организација „Карабеј махале“ ја реализираа првата етапа од нивниот проект „100 години од Балканските војни“.

{loadposition content9}