Skip to main content

МЈП Проаква годинава ќе изгради нови улични хидранти на повеќе локации во Стар град

МЈП Проаква годинава ќе изгради нови улични хидранти  на повеќе локации  во Стар град. Планираат реконструкција и обележување на постоечките хидрнати.  Станува збор за скапа инвестиција, но неоходна за потребите на граѓаните од стариот дел каде што уличките се тесни и тешко пристапни за возилата на Територијалната противпожарна единица.

 |  Валентина Неловска  | 

МЈП Проаква планира изградба на нова хидрантска инсталација во стариот дел на градот. Плановите на ЈП се со новата хидрантска инсталција да се опфатат некои покритични локации како на пример потегот кон Канео или пресекот на улиците Нада Филева и Аргир Маринечев, информира Владимир Алексијоски директор на МЈП Проаква.

„ Моментално има 5 хидранти во стариот дел на градот кои се обележани на шахтите, но да бидам искрен и тие се во незавидна состојба. Ќе работиме да ги санираме и нив и ќе поставиме уште неколку нови. Имаме проблем со спецификите на теренот каде се работи. Стариот дел е заштитен како културно историско наследство, но имаме соработка со Завод и Музеј да добиеме дозвола за ова што го планираме“, информира Алексијоски.

Покрај најавите за поставување на околу 5 нови хидранти и реконструкцијата на постоечките хидранти кои би служеле во случај на гасење пожар во Стар дел на градот, од Проаква размислуваат со хидрантска марежа да биде покриена и патеката Лабино.


„ Ние планираме тој дел да го опфатиме со поставуавње на хидрантско место горе на Плаошник. Таму има постоечка водоводна линија гледаме да е поблиску до постоечката водоводна линија за да го изградиме хидрантското месо и тој дел да биде безбеден“, кажува Алексијоски.

Станува збор за скапа инвестиција, но во интерес на граѓаните и предупредени од последниот пожар кој се случи во Месокастро мора да ја реализираме, потенцираат од Проаква. Од ЈП и од ТППЕ апелираат граѓаните да внимаваат каде ги паркираат возилата, никако да не ги оставаат над хидрантската мрежа која веќе постои во делови од Стар град.