МЈП Проаква: Постапката на Евн Македонија со која ги остави без вода пиење Охрид и Струга е кривично дело
МЈП Проаква: Постапката на Евн Македонија со која ги остави без вода пиење Охрид и Струга е кривично дело.
Постапката на ЕВН Македонија, исклучувањето на струјата на пумпните станици со што Охрид и Струга неколку часови останаа без вода, Директорот на МЈП Проаква, Томе Паскалоски ја квалификува како кривично дело. Компанијата со својата постапка за која предходно не го информирале јавното претпријатие го загрозило нормалното функционирање на градот и неговите витални објекти болници, училишта, градинки, додава Паскалоски. Граѓаните не беа информирани за што станува збор и беа збунети што се случува. Евн Македонија прекинот со електрична енергија на пумпните станици на МЈП Проаква го направи без претходна најава, а градот остана без вода за пиење вчера од 11 до 18 часот, информира директорот на МЈП Проаква Томе Паскалоски. Од МЈП Проаква веднаш презеле правни дејстава и вложиле времена мерка за приклучување на системот во електрична мрежа , до Основен Суд Охрид и да се заштити јавниот интерес на граѓаните.
„Доверители се имаат право да притискаат и да бараат наплата на долгот ама има начини како. Се знае како се наплаќа преку судски пат, преку обезбедување, преку хипотека, блокирање на сметка итн“, подвлекува Паскалоски.
Времената мерка останува на сила додека не се одлучи по жалбата на доверителот. МЈП Проаква должи 4 милиони евра кон Евн , а решавањето на проблемот го гледа со поведување на судски спор и договор како понатаму да се сервисира долгот. За да се изменаџира долгот МЈП Пораква самостојно не е моќно , информира Паскалоски.Тие бараат помош од сите релевантни институции во државата. Спасот го гледат во поделбата на претпријатието и во формирање на државно јавно претпријатие кое ќе стопанисува со колекторт, за што се залагаат во последниве две – три години.
„ Нас крајна цел ние кога ќе се поделиме да направиме рационализација, да добиеме добра цена на водата која не е променета 15 години. Приходите ни се намалени во споредба со пред 10 години и во пласманот на вода во Охрид , која се испорачува сме подолу и се испорачуваат 2,9 милиони кубни вода , а на времето сме испорачувале 3,6 милиони кубни вода“, подвелува Паскалоски.
Паскалоски набројува неколку фактори кои довеле до сегашната лоша финансиска состојба на претпријатието кое подого време работи со блокирана жиро сметка. Ги наведува поделбата на претпријатието на две претпријатија Нискоградба и МЈП Проака, превработеноста и одржувањето на колекторскиот систем. Исто така напомена дека проблем е и наплатата на вода во 10.000 викенд станови во Охрид. Инаку, МЈП Прокава има побарувања од граѓаните долг во висина од 5 милиони евра.