МЈП Проаква секојдневно ги решава дефектите кои се јавуваат на пумпните станици на колекторскиот систем
Во рамките на финансиските можности се решаваат проблемите кои ги загадуваат езерските води како што беше деновиве долгогодишниот проблем кај Грашница. Локалната самоуправа за прв пат постапи по решението на Државниот инспекторат и постави табли за забрането капење. Конечното решавање на критичните точки се очекува од октомври кога ќе профункционира државното претпријатие за колекторски систем.
Екипи на МЈП Проаква го санираа преливањето на отпадните води кај Грашница . Стар проблем кој повторно ги вознемири граѓаните , но и надлежните институции. Локалната самоуправа за прв пат постапи по решението на Државниот инспекторат и постави табли забрането капење по испитувањата за квалитетот на површинските води кои покажаа дека водата за капење кај Грашница и одморалиштето Партизан е од трета категорија. МЈП Проаква секојдневно ги решава дефектите кои се јавуваат на пумпните станици на колекторскиот систем. Во рамките на финансиските можности се решаваат критичките точки кои ги загадуваат езерските води како што беше деновиве долгогодишниот проблем кај Грашница, информира директорот Владимир Алексијоски .
Секојдневно работиме на проблеми. Запознаети сме сите со нефункционирањето на колекторскиот систем. Во изминатиов период од 2 години имаме поставено нови полжни пумпи , санирани се редуктори на горните и долните лежишта од пумпите. До делот на Сатеска нема препумпна станица која нема 2 полжни пумпи,секоја работи. Но, финансиската сила на МЈП и на двете локални самоуправи не може да го сноси целосниот товар на санација. Се радуваме на потегот на Владата што обезбеди средства кои набрзо ќе бидат искористени за решавање на проблемот“, вели Алексијоски.
МЈП Проаква во изминативе две години инвестирало над 100.000 евра сопствени средства за решавање на проблемите кои се јавуваат на пумните станици. Од владата се одобрени средства за санација на најкритичните точки. Се планира прочистување на цевководот, поставување на цевка во цевка за да се зголеми протокот. Наскоро се очекува да се спроведе тендерска постапка која зарди локалните избори беше пролонгирана, а треба целосно да се решат критичните точки, вели Алексијоски.
„ Канализционата мрежа треба да се одвои од атмосферската. За жал има голем дел да се сработи по ова прашање.Со санација е предвидено да се изврши прочистување на секундарната мрежа за д а се зголеми протокот. Проблемот е сложен но ние секојденвно се трудиме да ги решаваме според можностите кои ги имаме“, нагласува Алексијоски.
Конечното решавање на критичните точки се очекува од месец октомври кога ќе профункционира државното претпријатие за колекторски систем