Младиот охриѓанец Зекир Ајруш бронзен на олимпијадата за екологија во Њу Јорк
Олимпијадата се оддржа од 15 до 19 јуни 2014. На оваа олимпијада учествуваа средношколци од целиот свет со над 800 пријавени проекти.
Младиот, 16 годишен Зекир Ајруш се врати со бронзен медал од престижната интернационална олимпијада за екологија која се одржа во Њу Јорк, САД.
Зекир, бронзениот медал го освои претставувајќи го својот проект – фотографија на која го прикажува сметот кој го крие езерото, како и човековите обиди да го сокријат тоа наместо да се справат соодветно со отпадот. На фотографијата е претставено и дете кое ја открива тајната која возрасните сакаат да ја сокријат. Главна идеја на младиот генијалец Зекир, е да покаже дека проблемите не се решаваат со нивно прикривање. Пред се, се мисли на отпадот во водите, не само во Охридското езеро туку и низ целата Земја. Зекир со неговата визија сака да ја пренесе пораката за почиста околина и тоа да допре до свеста на идните генерации. Нека бронзениот медал му биде само почеток на идните успеси. Инаку на оваа олимпијада учествуваа средношколци од целиот свет со над 800 пријавени проекти.
{loadposition content9}