Учесниците на 13-тата Школа за млади лидери која е во организација на поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, денес беа во посета на Општина Охрид.
Градоначалникот Кирил Пецаков, како домаќин ги пречека учесниците и ги запозна со начинот на фунционирање на Локалната самоуправа.
Чувствувам посебно задоволство и чест што како градоначалник на Охрид, втора година по ред имам можност да се обратам пред учесниците на оваа школа и затоа сакам да упатам посебна благодарност до поранешниот претседател на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов и да му искажам огромно признание за неговата несебична посветеност на оваа лидерска приказна, со надеж дека истата ќе продолжи да живее и да се унапредува во иднина. Особено се радувам што оваа година како дел од интерактивните активности на лидерската школа се раѓа еден нов и значаен проект во насока на остварување на стратешките интереси на Охрид и унапредување на неговиот туристички развој. Се надевам дека идеите и креираните решенија за дигитална промоција на природните и културните богатства на нашиот најголем туристички центар во Македонија, ќе создадат нови шанси за поголем економски напредок, кој ќе донесе бенефит во повеќе сегменти на општественото живеење – рече градоначалникот Пецаков.
Како дел од активностите на учесниците во школата ќе биде и пронаоѓање на концепт за подобра промоција на градот особено кај младите луѓе.
13-тата Школа за млади лидери започна на 16ти и ќе трае до 30ти септември.