Skip to main content

Младите музички таленти од ОМУ „Методи Патче“ со врвни успеси на национални и меѓународни натпревари

Овие успеси се уште една потврда за квалитетот на младите охридски музичари, нивната посветеност и континуираниот развој на музичката уметност.
 |  инфодеск  | 

На интернационалните музички сцени продолжуваат да блескаат младите таленти од ОМУ „Методи Патче“, постигнувајќи значајни успеси и освојувајќи високи признанија.

На меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер „Сергеј Михајлов“, кој деновиве се одржа во Штип на 24 април 2026 година, Антица Николоска од класата на проф. Мухамед Бајрам, во дисциплината виолина, освои прва награда. Со својата посветеност во изучувањето на инструментот, Антица континуирано нижи успеси, издвојувајќи се со својата умешност и талент во силна конкуренција на млади музичари.

Уште еден значаен успех на истиот фестивал забележа и Исидора Кочовска, од класата на проф. Игор Климовски. Таа во дисциплината пијано освои прва награда. Со својата музикалност и посветеност, Исидора продолжува успешно да се претставува и да го потврдува својот потенцијал.

Дополнителен повод за гордост доаѓа и од меѓународната сцена. На 29-тиот меѓународен натпревар по пијано „Далечни акорди“, одржан во Сплит, Хрватска, ученикот Алексеј Чуркоски од ООМУ „Методи Патче“ – Охрид освои прва награда. Жири-комисијата, составена од еминентни професори од музички конзерваториуми во Мадрид, Лион, Фоџа, Загреб и Пезаро, високо ја оцени неговата изведба. Алексеј е ученик во четврто одделение и се образува во класата на наставникот Даниел Чуркоски.

Овие успеси се уште една потврда за квалитетот на младите охридски музичари.