Skip to main content

Младинска конференција за бизнис и претприемништво во Младински Центар Охрид

На настанот е предвидена Панел дискусија во која ќе учествуваат : Марта Пејоска, дизајнер Галерија „Марта Пејоска“ ; Борче Димоски основач на Digital Box, Томе Укоески CEO Opta Vista, а модератор на дискусијата ќе биде Јован Цветкоски, раководител на МЦО.
 |  инфодеск  | 

Младински Центар Охрид организира Младинска конференција за бизнис и претприемништво: „Иновации, млади и успешни бизнис приказни“ посветена на младинската вработливост, претприемништвото, иновации и образованието за претприемништво.

Конференцијата ќе се одржи на 22ри ноември (петок) со почеток во 11:30 часот, во просториите на Младински Центар Охрид.

-Целта на настанот е да се поттикне младинското претприемништво и иновации преку споделување на успешни бизнис приказни и обезбедување на платформа за вмрежување и размена на идеи. Конференцијата има за цел да ги инспирира младите да започнат свои бизниси и да ги опреми со потребните знаења и вештини за успешно претприемништво. Исто така настанот претставува одлична можност за вмрежување на младите и размена на идеи преку дискусија и информално учење, велат организаторите.

На настанот е предвидена Панел дискусија во која ќе учествуваат : Марта Пејоска, дизајнер Галерија „Марта Пејоска“ ; Борче Димоски основач на Digital Box, Томе Укоески CEO Opta Vista, а модератор на дискусијата ќе биде Јован Цветкоски, раководител на МЦО. Младите кои ќе го посетата настанот ќе имаат можност за кариерно советување со лиценциран кариерен советник, а предвидена е и презентација на бизнис идеи од млади ученици и дискусија.