Skip to main content

ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“

Младинската организација при ОЕМУЦ на предавање во НП Галичица

Едукативно предавање за Националниот парк Галичица и рекреативно искачување на Велестово, имаа денеска членовите на младинската организација при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“
 |  инфодеск  | 
младинска организација ОЕМУЦ

Членовите на младинската организација при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ – Охрид утрово беа на едукативно предавање за НП Галичица. Средношколците од Ангела Тасеска, соработник за еколошка едукација во националниот парк, слушнаа за природните и културните вредности на Галичица.

Од Младинската организација при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ изразуваат благодарност до Ангела Тасеска, биолог по вокација, за исцрпното излагање како и благодарност за останатите двајца нејзини колеги – Александар и Катерина за гостопримството и објаснувањето.

Потоа учениците рекреативно се искачија до црквата Рожденство на пресвета Мала Богородица во с. Велестово со цел младата популација да се поттикне на почеста физичка активност.

Престојот во природа го збогатија со друштвени игри, музика, забава и пријатна атмосфера.

Се дружевме со младинците. Тоа беше група од 30 ученици. Целта е да се мотивираат младите на спортско-рекреативни активности. Нека нашата денешна активност биде поттик и за другите луѓе да организираат вакви спортско-рекреативни излети.„ – вели професорката Ирена Ралева Најдеска, координатор на Младинската во ОЕМУЦ.