По повод 22-ри септември – Светскиот ден без автомобили, Младински Центар Охрид ја упатува пораката до охридската јавност да се приклучи на глобалната иницијатива и барем еден ден да се обидеме да живееме без автомобил.
Центарот ги повикува сите млади и граѓани:
- да избегнат користење автомобил на 22ри септември (доколку се во можност),
- до училиштата, факултетите или работните места да стигнат пеш, со велосипед, со јавен превоз и слично,
- да направат фотографија од своето алтернативно патување и да ја споделат на социјалните мрежи со хаштаг #ОхридБезАвтомобили, како и да го тагираат Инстаграм профилот на Центарот @mladinskicentar_opstinaohrid.
Со оваа акција Младински Центар Охрид сака да потсети дека малите промени во секојдневието придонесуваат кон поздрави навики, почист воздух и поодржлива иднина за градот.