Младински Центар Охрид во период од 12.08 до 16.08 организира летна ликовна школа под менторство на наставникот по ликовно образование Димитрие Ристески.
Летната школа ќе опфати теорија на ликовниот јазик, кратка историја и ликовно изразување преку цртање, сликање и вајање. Реализација од идеја, скица крајно ликовно дело.
Организаторите напоменуваат дека летната школа е бесплатна, но местата се ограничени, а сите заинтересирани можат да резервираат нивното место на линкот најдоцна до 09.08.2024.