Младински Центар Охрид распишува повик за нови волонтери

Младински Центар Охрид распишува повик за нови волонтери на возраст од 15 до 29 години и за лица кои сакаат креативно да го исполнат своето слободното време, да стекнат нови знаења и да се запознаат и дружат со врсници со исти интереси.
Лицата кои сакаат да бидат волонтери во Младинскиот центар ќе можат да придонесат за развојот на младинската заедница преку различни активности:
-организирање и учество во настани, работилници и проекти
-акции за зачувување на животната средина и поддршка на локалната заедница
-креативни и едукативни иницијативи
-вмрежување со активни и инспиративни млади луѓе
Волонтерите ќе можат да стекнат нови вештини и искуства, да добијат сертификат за волонтирање, ќе имаат можност за учество во локални и меѓународни проекти, но, и секако да добијат можност за дружење, забава и инспирација.
Сите заинтересирани лица може да се пријават на линкот.

Latest Охрид
