ШК „Ласкер“ Охрид во ООУ Братство Единство Охрид, го организираше Младинскиот турнир во шах ЛАСКЕР 2022, за учениците од основните училишта од Општина Охрид.
Учесниците беа поделени во две категории ПИОНЕРИ ( до 5 одд), на овој турнир учествуваа 40 ученици од кои еден учесник оди во ЈОГД „Јасна Ристеска“ Охрид и КАДЕТИ ( од 6 до 9 одд) во оваа категорија учествуваа 22 ученици.
Турнирите се играа по Швајцарски систем во 6 кола. На Младински турнир во шах ЛАСКЕР 2022 – ПИОНЕРИ медалјите ги освоија:
1 место Серафимоски Мартин, со освоени максимум 6 поени од ООУ „Христо Узунов“,
2 место Анѓелоски Драган, со освоени 5 поени од ООУ „Григор Прличев“,
3 место Котушеска Јована, со освоени 5 поени и послап бухолц од ООУ „Григор Прличев“.
На Младински турнир во шах ЛАСКЕР 2022 – КАДЕТИ, медалјите ги освоија:
1 место Матески Стефан, со освоени максимум 6 поени од ООУ „Григор Прличев“,
2 место Велкоска Ивана, со освоени 5 поени од ООУ „Григор Прличев“,
3 место Бирачоски Мартин, со освоени 4 поени и најдобар бухолц од ООУ „Братство
Единство“.
Турнирот е финансиски подржан од Општина Охрид.
Комлетните резултати може да се видат на www.laskerohrid.weebli.com