Младински турнир во шах Ласкер 2022

Младински турнир во шах „Ласкер 2022“ за учениците од охридските основни училишта се одржа вчера во ООУ „Братство Единство“.
 |  инфодеск  | 
Турнир во шах Ласкер 2022

ШК „Ласкер“ Охрид во ООУ Братство Единство Охрид, го организираше Младинскиот турнир во шах ЛАСКЕР 2022, за учениците од основните училишта од Општина Охрид.

Учесниците беа поделени во две категории ПИОНЕРИ ( до 5 одд), на овој турнир учествуваа 40 ученици од кои еден учесник оди во ЈОГД „Јасна Ристеска“ Охрид и КАДЕТИ ( од 6 до 9 одд) во оваа категорија учествуваа 22 ученици.

Турнир во шах Ласкер 2022

Турнирите се играа по Швајцарски систем во 6 кола. На Младински турнир во шах ЛАСКЕР 2022 – ПИОНЕРИ медалјите ги освоија:

1 место Серафимоски Мартин, со освоени максимум 6 поени од ООУ „Христо Узунов“,
2 место Анѓелоски Драган, со освоени 5 поени од ООУ „Григор Прличев“,
3 место Котушеска Јована, со освоени 5 поени и послап бухолц од ООУ „Григор Прличев“.

Турнир во шах Ласкер 2022

На Младински турнир во шах ЛАСКЕР 2022 – КАДЕТИ, медалјите ги освоија:

1 место Матески Стефан, со освоени максимум 6 поени од ООУ „Григор Прличев“,
2 место Велкоска Ивана, со освоени 5 поени од ООУ „Григор Прличев“,
3 место Бирачоски Мартин, со освоени 4 поени и најдобар бухолц од ООУ „Братство
Единство“.

Турнир во шах Ласкер 2022

Турнирот е финансиски подржан од Општина Охрид.

Комлетните резултати може да се видат на www.laskerohrid.weebli.com

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top