Skip to main content

Инлкузија, еднаквост и доверба

Младинските совети како глас на младите

„Да се слушне гласот на младите“ е насловот на денешната работна средба со младите од Охрид организирана од УНДП Програмата за развој на Обединетите нации. Фокусот е на зголемување на довербата во Локалниот младински совет во Охрид но и одговорноста на неговите членови. Можностите за младинско учество се отворени, сега на потег се токму тие, младите.
 |  инфодеск  | 
Гласот на младите

Да се слушне гласот на младите, да се зголеми довербата, но и одговорноста на членовите на Локалниот младински совет во Охрид беше целта на денешната работна средба во рамки на проектот Млади за инклузија, еднаквост и доверба. Во просториите на Младинскиот Центар средношколци, членови на невладини организации и заинтересирани млади од Охрид, имаа можност да се запознаат со работата но и да ги изнесат своите потреби пред претставници на локалниот младински совет.

Младите да знаат дека постои вакво тело во општина Охрид и да се зголеми товарот на одговорност на членовите на Локалниот младински совет и да станат свесни дека ги претставуваат младите во Охрид пред Општината и Советот на Општината. Да се креираат нови активности кои ќе бидат во нивен интерес а ќе бидат поддржани и со програмата на обединетите нации но и со работата на младинскиот центар во Охрид.“ вели Зоран Илиески Директор на Коалиција СЕГА.

Според законот за младинско учество локалните младински совети како претставнички тела се јадрото и гласот на младите во општеството. А за нивната ефективност Илиески смета дека во ваква ситуација моментално на потег се младите.

Тоа како модел како концепт кај нас во Македонија согласно законот треба да биде начин на кој што младите ќе може да влијаат на донесување на одлуки во општината. Колку овој концепт ќе биде функционален не зависи само од Општината, сега бидејќи законот го наметнува како задолжителна алатка во општината ќе зависи сега во случајот од младите. Колку младите ќе можат да го искористат ова право, колку младите ќе бидат сериозни во овој процес, ќе зависи од нив. Локалната самоуправа ќе мора да ги почитува и слуша потребите, доколку не сака не мора да постапува, но тоа пак значи одговорност на Локалната самоуправа.“, потенцира Илиески.

Тема на денешната средба организирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) беше и важноста и запознавање со процесот и методологијата на подготовка на новата Национална Стратегија за Млади чија прва работна верзија треба да биде готова до декември годинава.