Младите музичари се поприсутни на Староградските средби
Охрид по 24 пат ќе биде домаќин на староградските средби.
Охрид по 24 пат ќе биде домаќин на староградските средби. Во Центарот за култура утревечер ќе одекне староградската песна од различни краеви на Македонија. Десет ансамбли од различни градови и возрасти
ќе го престават преку музиката крајот од каде што доаѓаат. Учениците од Државното музичко училиште
„ Илија Николоски Луј“ ќе имаат сплет од песни и ора посветени на познатите охридски староградски музичари Тајфата на Садило, појаснува директоката Драгана Боцеска.
„Програмата е составена од изведувачи на различни возратси ија негуваат староградската музика и со ентузијазам, но и оние кои професионално се занимаваат со музика. Целта на фестивалот е да се поттикнуваат младите за да опстои староградската музика која е наше културно богатство.“
Од година в година, по обновувањето на фестивалот од пред 5 години , постојано расте интересот на ансамблите и групите за учество на Охридските староградски средби. Одржувањето на овие средби е со финансиска поддршка на Министерството за култура. Селекторите од охридскиот Центар имале тешка задача при изборот на учесниците, вели Боцевска.
„Ансамблите мора да исполнат одредени услови. Староградскиот мелос да биде пропратен со народни инструменти, како и изведувачите да бидат облечени во староградски стил со соодветна кореографија“.
Утревечер, по свеченото дефиле на учесниците по охридската чаршија, во 20 часот ќе започне музичката програма на староградските средби. Настапуваат хорот при Националаната установа на Центарот за култура „ Григор Прличев“, Ансамблот „Билјана“ и Емилија Ѓореска, „Пере Тошев“ од Прилеп, Вис „Орнаменти“ од Штип, „Распеани Гевгеличани“, „Оскар“ и Владо Костески од Струга, „Октет Прилеп“, „Распеани Охриѓанки“ и Државното музичко училиште „Илија Николоски Луј“.
Влезот за посетителите, како и вообичаено, е слободен.
{loadposition content9}