Skip to main content

Резултати од анкета спроведена од твм

Младите недоволно информирани за Законот за младинско учество

Младите од регионов единствено знаат што е или слушнале за Младински центар. Иако формално правно процесот на имплементација на Законот за младинско учество и младински политики е започнат, Анкетата на ТВМ покажа дека младите делумно или воопшто не се запознати со телата кои се формираат и можностите кои им се нудат за нивно учество во креирањето проекти, политики и носењето одлуки кои се однесуваат на нивната положба во општеството. Повеќе од половина од младите кои одговориле на Анкетата на ТВМ, во наредните 5 до 10 години не се гледаат себе си во својот роден град.
 |  инфодеск  | 
Младински центар

Општина Охрид предничи во имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики не само во однос на општините од регионов туку и пошироко. Во Охрид младите меѓу првите во државава формираа Локален младински совет, општината постави службеник за млади, а неодамна беше отворен и Младинскиот центар.

Процесите се започнати и во општините Струга, Дебрца и Вевчани, но се одвиваат со побавно темпо.

Во Струга сеуште не се направени измените и дополнувања на Статутот на Општината со имплементирање на одредбите од Законот за младинско учество и младински политики. Истите се очекува да бидат донесени во текот на овој или најдоцна до наредниот месец, информираат за ТВМ од општината. Откако ќе биде изменет статутот ќе следи објавување јавен повик за формирање иницијативен одбор за конституирање на локално собрание на млади. Општината во месец јуни минатата година назначила службеник за млади. Во моментот се работи на изнаоѓање на соодветна локација за отворање на младински центар. 

Во Општина Дебрца не е формиран младински совет но имаат назначено службеник за млади и имаат утврдено лоакција за младински центар.

Законот, во период од 5 години од донесувањето, предвидува секоја општина согласно одредени стандарди да креира локален младински центар како место кое младите ќе го користат за личен развој. Струга, Дебрца и Вевчани имаат уште две години да ја исполнат обврската.

Иако формално прапроцесите за имплементација на законот се придвижени, сепак впечатокот е дека оние за кои тие се наменети, младите на возраст од 15 до 29 години, не се доволно информирани.

Анкета млади

Младите од регионов единствено знаат што е или слушнале за Младински центар. 76,4% од младите од регионов на АНКЕТАТА на ТВМ одговорија дека знаат што е Младински центар. 71,7 % не знаат што е и каква е функцијата на службеникот за млади. Повеќе од половината од младите кои одговорија на анкетата не знаат што е тоа младински совет.

Анкета млади

67% од анкетираните се изјасниле дека не се активно во некоја младинска или невладина организација. Но исто толку од нив сметаат дека со младински активизам и организирање можат да влијаат на политиките и одлуките кои се носат на локално и централно ниво во врска со нивната положба во општеството.

Анкета млади

Во поглед на проблемите со кои се соочуваат во својата општина најголем број 30,9% од анкетираните го посочиле недостатокот на содржини од културата, 25% сметаат дека проблем е квалитетот на образованието, за 24,8% од анкетираните најголем проблем е да најдат вработување.  Само 17% се изјасниле дека проблем е немањето забава во градот.  

Анкета млади

Популацијата на која се однесува Законот за младинско учество по градови е следна : во Струга има 10 320 млади, во Охрид 8195, во Дебрца 503, а во Вевчани 428. 

Анкета млади

66% од анкетираните лица се на возраст од 15 до 18 години. Повеќе од половина од младите кои одговориле на Анкетата на ТВМ, во наредните 5 до 10 години не се гледаат себе си во својот роден град.

Анкета млади