Skip to main content

Анкета твм

Младите очекуваат позитивни промени

Општина Охрид иднава година ќе го поддржи работењето на Младинскиот центар со повеќе средства од претходната, а ќе ги финансира и проектите на советот и собранието на млади. Од Секторот за спорт, млади и невладини организации во претстојната година очекуваат поголема активност на младинските тела, локалниот совет и собранието на млади, во поглед на активност, предлози и реализација. Младите кои одговорија на Анкета на ТВМ имаат забелешка за достапноста и транспарентноста на општината со информации кои директно ги засегаат. Од локалната велат дека во иднина ќе се интензивира комуникацијата преку општинскиот службеник за млади.
 |  инфодеск  | 
Охрид

Неформално образование и создавање услови и поддршка за мали бизниси, простор каде што можат да се организираат културни настани, екологија и спорт. Ова се дел од приоритетите на дел младите коишто ги навеле на Анкетата на ТВМ во рамки на проeктот Media for all.

67,7 проценти од анкетираните веруваат дека отворањето на првиот младински центар во Охрид ќе донесе позитивни промени за подобрување на нивната положба во општината. 30,7 проценти од анкетираните сакаат во младинскиот центар да се оранизираат едукативни настани, 27,3 културни настани и околу 20 проценти би посетувале забавни и спортски активности.

Анкета млади

Општината иднава година ќе го поддржи работењето на Младинскиот центар со околу 1.800.000 денари, што е за 600.000 денари повеќе од претходната. Програмата за млади и невладини организации во голем дел ги опфаќа целите од Стратегијата за млади донесена минатата година со важност до 2026 година и е насочена кон поддршка на потребите на младите преку нивните партиципативни тела.

Во рамките на програмата за млади и невладини организации е и програмата на младинскиот центар којашто е обемна програма која што во текот на 2023 г ќе треба да се реализира, а како што гледаме во изминатиов период Младинскиот центар одлично работи засега имаме секојдневни активности 2-3 работилници во текот на годината. Целта е постигната и потребата која ја имаа младите во Охрид се реализира – вели Јоне Станкоски, раководител на Сектор за спорт, млади и невладини.

Општината обезбедува средства и за реализација на проектите на Локалниот совет за млади и собранието на млади. За 2023 година поддржани се два проекти во вкупна вредност од 192 000 и се дел од програмата за млади и невладини организации .

Изминатиов период сите предлози коишто доаѓале преку овие тела се инкорпорирани и во други програми. Не значи дека само во програмата за млади и невладини организации се вклопуваат барањата на младите. Се она што се потреби на младите на територија на општината се инкорпорира и во други програми кои се дел од буџетот за 2023 година – вели Станкоски.

Од младите кои одговориле на анкетата 61,3 проценти имале искуство со волонтирање. 44,6 % се изјасниле дека мотивот да бидат општествено активни во НВО, иницијативи и здруженија била желбата да направат позитивна промена во општината. За 26,8 проценти пак, би се ангажирале поради остварување контакти за остварување лични цели. 90,3 проценти од анкетираните одговориле дека не се членови на политичка партија. И покрај ваквата желба за проактивност кај голем дел од младите, на дело нивните партиципативни тела имаат проблеми со членство, активност и посветеност.

Анкета млади
Анкета млади

Секогаш може подобро, заклучно со април месец е мандатот  на телата совет за млади и собрание на млади. Во изминатиов период одржани се неколку состаноци, некои од постоечките членови се откажаа па се избираа нови членови – посочува Станкоски.

Младите кои одговориле на Анкетата на ТВМ имаат забелешка за транспарентноста на општината за информациите кои директно ги засегаат. 45,2 проценти сметаат дека Локалната самоуправа е недоволно достапна, а 19,4 проценти сметаат дека Локалната е достапна и транспарентна. Во оваа насока, со цел општината да биде поблиска до младите и да ги информира за можностите кои им се на располагање за поголемо учество во одлуките кои се носат во нивен интерес, ќе се интензивира комуникацијата преку општинскиот службеник за млади.

Анкета млади

Службеникот за млади ќе започне состаноци со невладиниот сектор, но и средни основни училишта, со ученичките заедници за да ги поттикне за што поголемо нивно вклучување во работата и на советот и на собранието на млади на тој начин да имаме поголема комуникација. Од друга страна да ја запознаеме јавноста дека во рамките на Младинскиот центар Охрид постои канцеларија за млади, а службеникот за млади стои на располагање за сите потреби и прашања што ги имаат младите на териотрија на Општина Охрид. Службеник за млади е Александар Митрески – информира Станкоски.

Скоро половината од анкетираните или 48,4 се на возраст од 25 до 29 години, 38,7 од анкетираните се на возраст од 15 до 18 год. 

Анкета млади

Анкетата беше спроведена преку онлајн алатката Engaged citizens reporting.