Skip to main content

Младите од најмали нозе треба да се учат на рециклирање и селектирање отпад

„Училишта без пластика„ е проектот кој започна да се спроведува во четири охридски училишта. Целта е децата од млади нозе да се учат на рециклирање и селекција на отпадот. Селекцијата на отпадот во земјава е на незавидно загрижувачко ниво.
 |  инфодеск  | 

Во четири охридски училишта се спроведува проектот Училишта без пластика. Формирани се еко секции и се работи на еколошка едукација и подигнување на свеста за рециклирање и селекција на отпадот. Целта на проектот е создавање одржлив систем за селектирање пластика, метал и ситен електронски отпад.

Во училиштата честопати се спроведуваат собирни акции на пластични шишиња, но и креативни акции „од отпад создавање дела“.

„Од осум училишта мометално во четири се спроведува програмата најавено ни е петто училиште кое ќе биде дел од нашето еко друштво. Поентата на еко секциите е да се направи едно јадро на ученици и наставнички кадар кои имаат афинитет кон екологијата и да имаат можност да се едуцираат и да бидат носители на тој систем за одржливо одлагање на отпадот. Им доставивме и мали контејнери за електронски отпад. Идејата е да добијат основна едукација во однос на најголемите загадувачи.“- вели Драгана Карашова, координатор на програмата.

Селекцијата на отпадот во земјава е на незавидно загрижувачко ниво, младите од најмали нозе треба да се учат на рециклирање и селектирање.

„ Децата ги имаат основните познавања знаат дека само 9 % од пластиката на глобално ниво се рециклира проблемот е огромен се произведуваат и одлагаат и завршуваат во нестандардни депонии како што е овде кај нас на ѓубриштата. Завршуваат во реките светксите води океани и мориња прогнозата е навистина загрижувачка, затоа ние сакаме децата да ги подготвиме да размислуваат за развивање на нивните заеници и да ги научиме да бараат граѓанска свесност да бидат актвини учесници во начинот на жовеење сами да ја креираат средината.“ – додава Карашова.

Поради ниското ниво на свест кај граѓаните, примарната селекција на отпадот не се врши во самите домаќинства, пластичните ќеси полни со ѓубре ги фрламе во контејнерите, не се двои хартијата, пластиката, металот, лименките од измешаниот комунален отпад фрлен во контејнерите.Нешто што светот го прави од 80 год9ини. Во земјава мора да се менуваат лошите навики во однос на отпадот. Да се градат навики за селекција на отпадот за намалување на загадувањето на животната средина.

Новинар Соња Рилковска