Skip to main content

Младите од Охрид учеа како да препознаваат говор на омраза

Според луѓето од Младинскиот совет од Охрид, младите недоволно ја познаваат темата околу говорот на омраза, а на истиот се скоро постојано изложени.

 |  Мишел Наумоски  | 
mladi

Како да се препознае и како да се реагира на говорот на омраза. Ова е една од целите на денешната обука на која младите од различни етнички заедници, невладини организации, политички подмладоци, училишта, деца правобранители од градов добија теоретски и практични знаења како да се справуваат со оваа за жал се позачестена појава. Според обучувачот против говор на омраза од Младински совет Охрид, Вахид Мемед, говорот на омраза кај секој млад човек е всаден од мали нозе. 

mladi protiv omraza“Тоа е и важноста од оваа обука, денеска покрај теорија ќе имаме и неколку практични вежби, како младите сами да детектираат и препознаат говор на омраза, кои се механизмите за тоа како говорот на омраза да го пријават до институциите, дали до Министерството за внатрешни работи, до Дирекцијата за заштита на лични податоци, или некои веб страни каде што ќе можат да пријават говор на омраза.”-вели Вахид Мемед, обучувач против говор на омраза при Младински совет-Охрид.

Мемед вели дека се одлучиле за оваа целна група поради тоа што младите се најподложни на говорот на омраза, пред се преку социјалните мрежи.

mladi protiv omraza“Мислиме дека недоволно ја познаваат темата околу говорот на омраза, и тие секојдневно се соочуваат и на интернет со насилство, и говор на омраза, знаеме какви се статуси, слики можеме да сретнеме на социјалните медиуми како фејсбук, твитер. Целта на оваа обука е младите да ги детектираат и ги насочат кон институциите за да се надмине говорот на омраза, за да не дојде после до таа втора фаза, на криминал од омраза, нарушување на човековите права.”-рече тој.

Инаку, обуката “Препознавање на говор на омраза” е дел од серијата обуки што ќе се реализира низ Македонија како дел од годишниот проект на Центарот за интеркултурен дијалог и мисијата на ОБСЕ во Скопје. Идејата на овие обуки е да ја подигнат свеста кај младите луѓе и луѓето кои работат со млади луѓе за тоа како да разберат што е говор на омраза и кои можат да бидат последиците од истиот. Обуката се содржи од четири работилници од по еден час и триесет минути. По завршувањето на работилниците на младите ќе им бидат доделени сертификати.