©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Младите охридски хемичари против Кока-колата

Успешно спроведен отворен час на проектната активност по хемија при УСО Св. Климент Охридски. Учениците ги презентираа сознанијата за слободни радикали и штетните влијанија на кока колата.

 |  Татјана Маленкова  | 
gimnazija
гимназија
Успешно спроведен отворен час на проектната активност по хемија при УСО Св. Климент Охридски. Учениците ги презентираа сознанијата за слободни радикали и штетните влијанија на кока колата.

Во УСО Св Климент Охридски се одржа отворен час. Учениците кои членуваат во Проктните активност по предметот  хемија, ги презнтираа сознанијата за слободните радикали на кои работеа подолг перид. Група од учениците ги испитуваа влијнито на светските брендови и нивното влијние на нашето здравје. Проектот на кој работеа младите хемичари се однесува на кока колата и штетните последици за организмот со нејзино конзумирање.

Податоците за проектот „Штетно влијание на кока колата“ генерално ги пронајдовме на интернет вели Армин Бахтијароски.

При отворениот час на проктната активност по хемија вториот проект кој се презентираше беше за слободните радикали. „Успесите на човекот се движат на сметка на неговото здравје, рече Емилија Лазареска, ученичка која го работеше проктот Слободни радикали.

prezentacijaНа крајот од излaгањето Емилија Матеска, изнесе предлог што младите треба да прават за да си го заштитата здравјето.  

Предноста  на проктните активности е што ученикот ги бира по своја желба, а тоа во иднина може во голема мера да им се одрази во понатамошната определба, вели професорката по хемија Цветанка Груева.


„Грижата на учениците при изработка на проекти е многу голема. Радува фактот што успеваат да ја канализираат својата енергијата и да ја пренесуваат во изградба на нивните знаења и проширување на своите видици, вели професорката Цветанка Груева која претствува олицетворение на вистинското значење на зборот ментор.

 

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top