Градоначалникот на Охрид Кирил Пецков денеска во својот кабинет ги прими децата кои обезбедија пласман на државното првенство по шах за основни и средни училишта кое што го организираше Федерацијата за училишен спорт на Македонија.
На натпреварот, во категоријата жени од средни училишта прво место освои Елена Лушеска која е прва година во ОСУ „Св. Климент Охридски“.
Во категоријата жени од шесто до деветто одделение (основно училиште) трето место освои Емилија Лушеска од ООУ „Братство Единство“, а во истата категорија за мажи трето место освои Михаил Николовски од ООУ „Григор Прличев“.
На младите шахисти градоначалникот им посака понатамошни успеси и високи пласмани на идните натпревари. Учениците кај градоначалникот беа во придружба на наставниците Борис Лушески и Наум Ристески.