Skip to main content

Младите охриѓани и стружани ги лоцирале нивните потребите на општинско ниво

Од Здружението за мултикултурна интеграција ՛՛Инклузија՛ инфромираат дека младите укажале на проблемите поврзани со нивното креативно изразување. Посочиле  недостаток од младински културен центар и локални канцеларии. Во тек е изготвување на закон за млади, а општина Охрид ќе изработи и младинска гаранција.  

 |  Валентина Неловска  | 

Во рамките на проектот ՛՛Поттик за младински иницијативи՛՛ биле реализирани низа активности со млади луѓе од Охрид и Струга, од НВО организации и политичари од локално и нациоанално ниво , информира Весна Цветаноска од Здружение за мултикултурна интеграција ՛՛Инклузија՛՛ од Охрид.. Со проектот биле опфатени над 135 директни и индиректни учесници, а резулатите од сондираните размислувања на младите се поразителни, вели Цветаноска. Скоро сите млади сакаат да се одселат од земјата. Сметаат дека во Охрид и Струга нема развиен културен живот, нема каде да ги изразат своите идеи. Укажуваат од потребата за формирање на младински културен центар и локални канцеларии, кино, театар. Младите ја лоцирале и вината за ваквите состојби, напоменува Цветаноска.Додава дека во тек се и многу измени со кои ќе се прават обиди за промена на ваквите состојби.

„ Вината е во институциите кои не рабоатат на развој на неформалното образование, учениците и средношколците сакаат да бидат ангажирани но, проблем е просторот. Нема каде креативно да ги изразуваат идеите. Има недосаток од младински канцеларии и културен центар. Младите средношколци изразија потреба од постоење на генерална училишна заедница на ниво на Охрид со ротирање на претседателството од две години. Во процедура е законот за млади, ќе се носи младинска гаранција за Охрид и национална стратегија за млади,а во фаза е отварање на канцеларија за млади во Охрид“, вели Цветаноска.

Жаклина Лазареска, пратеник од СДСМ и претседател на Комисијата за образование и млади , која учествуваше во работата на завршната конфренција на Здружение за мултикултурна интеграција ՛՛Инклузија՛՛, најави дека во фаза е изготвување на Закон за млади кој треба да ги креира младинските политики.

„ Ќе се опфатат сите начини за организирање на младите и приоритетите на младите преку законодавните членови.Секој член да биде употребуван во локалната единица ,сакаме целокупните активности на младите од државно ниво да ги пренесеме во локаланата заедница во општината“, вели Лазареска.

Проектните активности на Здружение за мултикултурна интеграција ՛՛Инклузија՛՛се реализирани како дел од проектот ՛՛Силни граѓански организации, за позитивни социјални промени՛՛, спроведен од фондацијата за развој на локалната заедница од Штип, институтот за развој на заедниците од Тетово и центарот за одржлив развој, ՛՛Алка՛՛ од Скопје.