Младите и оваа сезона се носечка работна сила во туризмот во Охрид
Средношколци и студенти го надополнија недостигот на кадар во хотелско- угостителскиот сектор на брегот на Охридското Езеро. Келнери, шанкери, готвачи, помошници во кујна се најчестите позиции на кои се сезонски ангажирани. Во кафулињата, рестораните, шанковите на плажите најзастапена е генерацијата од 15 до 19 години, кои сакаат да стекнат работно искуство, но и да заработат додека се на распуст од училишните обврски.
„Завршив средно угостителско училиште на смерот хотелско угостителски техничар. Имам 18 години, а ова ми е трета година како работам на позицијата готвач.Задоволен сум стекнувам работно искуство, учам, но и заработувам. Повеќето од мојата генерација работиме уште од 15 години.
„ Моите колеги се исто така околу моја генерација сите работиме нешто различно, некои во шанк, некои во кујна, некои служат. Работа има за сите”.
Учениците од угостителското училиште уште додека се на пракса добиваат понуда за сезонски ангажман, иако се млади брзо учат, добро се снаоѓаат, имат енергија, елан и желба за работа. . Угостителите се задоволни, велат во градот има добра услуга.
„Учениците согласно наставните рпограми во текот на летниот период извршуваат феријална пракса која трае во текот на 20 тина дена меѓутоа по завршувањетп на праксата голем број од учениците продолжуваат на своите работни места, со надоместок плата од работодавачите кои ги ангажѓираат”, вели Марјан Радески директор на средно угостителско училиште „Ванчо Питошески”.
„ Младите изразуваат желба и волја за работа така да тие ги пополнваат тие дупки кои што се наоѓаат моментално во рестораните и хотелите.Децата се полни со енергија, комуникативни сакаат соработка, слушаат и си ги завршуваат своите работни задачи”, вели Илија Лесков шеф на смена во ресторан.
Првичните најави беа недостигот на кадар, кој последниве години се продлабочи, поради масовното заминување на сезонска работа во Хрватска, да се надополни со увоз на работна сила. Во хотелско – угостителскиот сектор се очекуваа над 500 увезени работници од Непал, Индија, Филипини, но пристигнаа само стотина. Туристичките работници се откажаа од идејата, бидејќи дел од оние кои пристигнаа со ангажман за работа ја напуштија земјава.
Предизвик на хотелско угостителскиот сектор ќе биде младите кои веќе стекнуваат работно искуство да се задржат во земјава.
Новинар Соња Рилковска