Skip to main content

Младите преку рекреативен спорт и екологија ќе го развиваат мултиетничкото живеење

Младите преку рекреативен спорт и екологија ќе го  развиваат мултиетничкото живеење.

 |  Валентина Неловска  | 
Gard
Gard

Деца од повеќе националности и општини од земјава преку спорт и екологија  ќе ги развиваат телесните, духовните и културните вредности. Во хотел Далјан, на охридското крајбрежје, основците се дел од проектот „Младите преку спорт и екологија до мултиетничко разбирање и одржлив развој во Македонија“. Претседателот  на Граѓанската асоцијација за рекреативно движење ( Гард), Гоце Илиески ја нагласува потребата од практикување на рекреативни спортски активности, развивање на  еколошка свест  и соживотот меѓу националностите кај младите личности.    

„ Во рамките на нашите активности, децата се   мултиетнично застапени се сплотуваат и се врши социјализација на културолошко поле. Физчки се активни, трчаат и пливаат. Опкружени се со прекрасно зеленило околу  хотелот и добиваат духовна инспирација. Сите компоненти по третманот на современото живеење се негуваат“, вели Илиески.   
Gard
Професори од неколку основни училишта од земјава и членови на Гард на округла маса ќе расправаат како да ги сплотат активностите преку спортот и екологијата и мултиетничноста за да ги пршират од локално на регионално ниво, нагласува претседателот Илиески.

„ Екологијата не ги познава и признава политичките поделби и државните граници. Спортот како анимација за сите млади луѓе, посебно  денес кога има  многу девијации, стресно живеење, нашата активност се вклопува во рамките на „ Спорт за сите“. Тоа не е спортување   натпреварувачко  туку е рекреативно движење“.

Граѓанската асоцијација за рекреативно движење  (Гард)  е организатор на овој летен камп  поддржан од Спортската унија на Словенија. Гард е дел од Светската спортска култура со седиште во Копенхаген, Данска и на  бројни меѓународни спортски глобални асоцијации.

{loadposition content9}