Женски Центар ,, Бисера” од Охрид реализира три работилници за обука за везење и плетење на кои стари лица им пренесуваа знаење на младите генерации.
Младите имаа можност да се стекнат со основни вештини на плетење и везење, а потоа искористувајќи ја својата креативност изработуваа интересни парчиња облека и украсни предмети од волна и конец.
Како резултат на обуките на 24.07. 2023 се одржа и изложба каде се изложија ракотворбите изработени од младите.
Работилниците се дел од проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи”, каде ЖЦ Бисера ги организира како партнер на Локалната агенција за развој од Струга, координиран од Црвениот крст на Република Северна Македонија и Црвениот крст на Србија а со поддршка од Европската Унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.