Младите волонтери од Црвен крст Охрид ќе ја изведат театарската претстава „Приказна за една идеја“
Црвен крст Охрид, од 21-ви до 27-ми септември 2024 ја одбележува Неделата на Промоција на хумани вредности. Младите волонтери ќе ги промовираат хуманите вредности преку театарската претстава „Приказна за една идеја“. Претставата ќе биде изведена во недела, 22 септември, на сцената во предворејето на црквата Св.Софија со почеток во 20:00 часот.
„Текстот е мој , на Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц, иако во текстот голема улога одиграа и младинците од Црвен Крст бидејќи секогаш гледаме кога подготвуваме некоја претстава младинците да имаат активна улога. Не се само глумци туку се и сценаристи, и костимографи и сценографи такашто целокупната претстава што ќе ја видите во недела во 20 часот во предворјето на Св. Софија ќе биде сублимат на заедничката работа“, вели Емилија Блажеска волонтер од Црвен Крст Охрид.
Во претставата се вклучени околу 50-тина волонтери од кои 10 се актери, а останатите се статисти и логистика. Улогата на Анри Динан ја толкува Борче Исакоски.
„Она што можам да го кажам за оваа улога е дека секогаш кога сме зборувале за Анри Динан сме зборувале за него како оној храбар и добронамерен херој кој буквално бил случаен минувач на бојно поле и оттука се родила самата идеа за да ја формира оваа организација. Сега кога добив шанса да влезам во неговите чевли сфаќам дека тоа е многу повеќе од една приказна. Дефинитивно сметам дека дури сега може да се разбере големината на она што тој го направил, односно слободно оже да се каже дека е еден од луѓето којшто ги направил најголемите дела не за некого туку за целото човештво“, вели Борче Исакоски волонтер од Црвен Крст Охрид.
Анастасија Атесленко, е волонтер во Црвен крст и ПХВ младинец која во претставата ја глуми медицинската сестра која е најголемата поддршка на Динан на неговиот пат до формирањето на хуманитарната организација.
„Она што можам да го кажам за оваа улога е дека секогаш кога сме зборувале за Анри Динан сме зборувале за него како оној храбар и добронамерен херој кој буквално бил случаен минувач на бојно поле и оттука се родила самата идеа за да ја формира оваа организација. Сега кога добив шанса да влезам во неговите чевли сфаќам дека тоа е многу повеќе од една приказна. Дефинитивно сметам дека дури сега може да се разбере големината на она што тој го направил, односно слободно оже да се каже дека е еден од луѓето којшто ги направил најголемите дела не за некого туку за целото човештво,“ вели таа.
„Во оваа претстава ја толкувам улогата на Сесилија која е медицинска сестра која го поддржува Анри Динан на целиот негов животен пат до создавањето на Црвениот Крст. За мене најважна работа во оваа претстава е нашето дружење , тоа што си помагавме еден на друг, работевме заедно. Тоа за мене емногу важно како волонтер и ПХВ младинец“, раскажува Анастасија Атесленко – волонтер.
Театарската претстава „Приказна за една идеја” ќе биде изведена во недела, 22 септември, на сцената во предворејето на црквата Св.Софија со почеток во 20:00 часот. Влезот е слободен. Црвен Крст во акција- промоција на хумани вредности е националната програма во која секоја година повеќе од 1200 млади луѓе изработуваат и спроведуваат проекти за помош на ранливи категории граѓани, маргинализирани групи, подигнување на еколошката свест, интеркултурни и други проекти со кои прават промена во својата заедница.