Јавен повик за најдобро решение за мобилна апликација за туристичка промоција на Охрид
Општината ќе додели финансиски средства на три првоизбрани тимови за најдобро решение за изработка на дигитални алатки – мобилна апликација.
Општина Охрид објави јавен повик за финансиска поддршка за изработка на мобилна апликација за туристичка промоција Согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2025 година и Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за поддршка на три првоизбрани тимови за најдобро решение за изработка на дигитални алатки – мобилна апликација за туристичка промоција на Охрид.
Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавување на веб страната на општина Охрид.
Информации за јавниот повик ТУКА.


