Skip to main content

Центар за јавно здравје

Mобилни екипи на ЦЈЗ земаат материјали за микробиолошка анализа во домашни услови

Услугите на ЦЈЗ подостапни за ранливи категории на граѓани: стари лица, хронично болни, лица со хендикеп, лица со зголемена телесна тежина, бремени жени, доенчиња, кои имаат потреба од лабораториски микробиолошки услуги.
 |  инфодеск  | 
ЦЈЗ

Со цел намалување на ризиците и спречување на штетните ефекти од надворешните топлотни влијанија предизвикани од високите температури врз здравјето на луѓето, во топлите летни денови, за сите оние ранливи категории на граѓани: стари лица, хронично болни, лица со хендикеп, лица со зголемена телесна тежина, бремени жени, доенчиња, кои имаат потреба од лабораториски микробиолошки услуги, Центар за јавно здравје Охрид активира мобилни екипи подготвени да Ве посетат во Вашиот дом во Охрид за да ги обават потребните административни формалности и да ги земат соодветните материјали за микробиолошка анализа.

„Доволно е да поседувате уредно издаден упат од вашиот матичен лекар и да се јавите на еден од нашите телефони 046 231-030 или 078 488-262, секој работен ден, најдоцна до 13:00 ч., каде ќе дадете податоци за Вашата адреса и видот на микробиолошката анализа која треба да се изврши, согласно упатот од матичен лекар.“ – појаснуваат од Центарот за јавно здравје.