Skip to main content

Надлежните немаат слух

Мобилност бара плажи за инвалиди

Повеќе од една деценија телесните инвалиди бараат адаптирана плажа на брегот на Охридското Езеро. Изготвени се повеќе проекти, одредени се и неколку локации на брегот на Охридското Езеро, но надлежните немаат слух, се жалат од Здружението Мобилност Скопје. Светот работи на пристапен туризам, а ниедно езеро во земјава нема плажа за инвалидизрани лица.
 |  инфодеск  | 
Езеро плажа

Повеќе од една деценија инвалидизираните лица бараaт адаптирана плажа.

Изготвени се повеќе проекти, одредени се и неколку локации на брегот на Охридското Езеро, но надлежните немаат слух, се жалат од Здружението Мобилност.

Здружение Мобилност

Со години се соочуваат со препреки, најново е образложението дека езерoто е под закрила на Унеско и не смее да се бетонира брегот, но постојат и алтернативни решенија по теркот на развиените земји, каде успешно функционираат капалиштата за телесни инвалиди.

Повеќето од нас се здрави во горните екстремитети, кога би имало таква хидрулична рампа каде што би можел да влезе во езерото тој понатаму би можел да плива. И ние би сакале да се капиме, и ние сакаме да се сунчаме, ние сакаме да пливаме и ние сакаме да го правиме она што го прават сите луѓе – вели Христина Просковска од Мобилност Скопје.

Христина Просковска

Наместо во сопствената земја, лицата со телесен инвалидитет на одмор патуваат во соседството, бидејќи на домашните езера плажите им се непристапни.

Зошто да одиме на други места, кога би можеле во Македонија да ги користиме тие услови. Македонија на ниедно езеро нема услови, особено на Охридското Езеро на најубавото наше езеро треба да имаме една пристпана рампа што ќе може да ја користиме, барем да можеме да влеземе и да се искапиме во езерото – вели Гоце Миновски, претседател на „Мобилност“ – Скопје.

Гоце Миновски

Светот работи на развој на пристапен туизам, специјалната адаптирана плажа за инвалидизирани лица ќе ја збогати туристичката понуда на Охридското Езеро и ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи и од земјава и странство.

Новинар : Соња Рилковска