Skip to main content

Модернизација на системот за осветлување во Охрид

Охрид ќе добие современо и модерно улично осветлување со лед светилки. Мнозинството во градскиот совет даде зелено светло чешка компанија да го модернизира системот на јавно осветлување преку Јавно приватно партнерство. Општината од партнерот ќе добива по 222 200 евра годишно кои ќе можат да се користат за други проекти, велат од локалната. Опозицијата не го поддржа ова јавно приватно партнерство со став дека проектот можел да се реализира и преку други извори на финансирање.

 |  Николоска Биљана  | 
osvetluvanje
осветлуванје

osvetluvanjeЧешката компанија ИЦС системи од Карлови Вари ќе го модернизира јавното осветлување во Охрид. Постапката за избор на партнер за осовременување на уличното осветлување била долга како што нагласи Димитар Спасески секретарот на општина Охрид, бидејќи била водена по моделот на Јавно приватно партнерство.  Согласно физибилити студијата, Спасески кажа дека приватниот партнер ќе има обврска да инвестира 3 милиони и 570 илјади евра во модернизација на системот за осветлување и конкретно појасна што ќе биде заменето.

„Замена на постоечките светилки вкупно 7 627, со лед енергетски ефикасни светилки кои што се во моментов функционални и дополнително изведба на 620 комплет нови сијалични места. Замена на постојните конзулни држачи кои се поставени на дрвени столбови вкупно 4 000, со метални столбови кои што по стандарди одговараат за улично осветлување. Поставување на нови 461 светлечки фенер во автентичните делови односно во стариот град, покрај кејот и на други делови кои ќе ги утврди општина Охрид“ – изјави секретарот.

osvetluvanjeСпасески додаде дека ќе бидат поставени вкупно 103 рефлектори кои ќе служат за илуминација на значајни објекти низ Охрид, дополнително вградување на 49 подни рефлектори кои исто така ќе служат за илуминација на значајни објекти. Во системот за осветлување е вклучена и изградбата на мониторинг станица од каде што ќе се одржува и контролира осветлувањето. Приватниот партнер уличното осветлување ќе го добие на користење на 15 години.По завршување на договорот, целиот систем ќе го користи општина Охрид. А за време на договорот општина Охрид,ќе добива по 222 200 евра на годишно ниво, средства кои понатака ќе се користат за други проекти, потенцира Спасески. Додаде дека тоа е значителна сума по тој основ бидејќи  досега општина Охрид годишно инкасирала 70 – 90 000 евра.

„Општина Охрид со досегашниот начин инкасираше пари во вкупна вредност од 993 000 евра од нив околу 800 000 евра веднаш се плаќа кон ЕВН Македонија за одржување на системот и дополнително општина Охрид околу 120 000 ја кошташе годишно одржувањето“ – вели Спасески.

stojanoskiЈован Стојаноски советникот на СДСМ, смета дека модернизацијата на осветлувањето би можела да ја направи општина Охрид и без приватен партнер.

„Градоначалникот нити се обиде да ја анимира Владата да вложи во овие средства нити да аплицира кај деловните банки, нити па да аплицира до одредени фондови за добивање на овие 3,5 миликони евра за да можат овие пари и да бидат повратени и да се намалат издатоците кои што граѓаните ги плаќаат за јавно осветлување и на крајот и општина Охрид да добие пофункционален систем на јавно осветлување. Жално е што на ваков начин го раскрчмуваме имотот на општиона Охрид и што не се трудиме економски да размислуваме“ – нагласува Стојаноски.

Опозицијата во градскиот совет не гласаше за Предлог Одлуката за избор на партнер за јавно приватно партнерство за модернизација, проширување и одржување на системот за јавното осветлување на општина Охрид. Но и без тоа мнозинството во советот ја изгласа оваа одлука.

{loadposition content9}