Skip to main content

„Моето поинакво другарче“

Во рамки на годинешната културна летна манифестација „ Деновите на толеранција“ изложени се 30 најдобри цртежи од претходно пријавени 340 цртежи направени од деца низ цела Македонија.

izlozba
изложба
Во рамки на годинешната културна летна манифестација „ Деновите на толеранција“ изложени се 30 најдобри цртежи од претходно пријавени 340 цртежи направени од деца низ цела Македонија.

umetniciИзложба на ликовни творби на млади уметници од основните училишта од цела Македонија, кои твореле на тема „Моето поинакво другарче“може да се види во центарот за култура „Григор Прличев“ . Овие прекрасни дела се за потребите на културната манифестација „Денови на толеранција“.Целиот проект претставува заокружување на ликовниот конкурс кој Полио плус го спроведе во партнерство со Министерството за труд и социјална политика, македонскиот центар за меѓународна соработка и центарот за човекови права и разрашување на конфликти.

„Ми претставува огромна чест и задоволство да присуствувам на оваа изложба создадена од рацете на младите од цела Македонија“, рече градоначалникот Петрески, кој ја прогласи изложбата за отворена.

На конкурсот се пријавени повеќе од 340 цртежи, а избор на најдобрите 30 направи стручно жири составено од познати имиња од општествениот и културниот живот во Македонија.

Компонентата „Предизвикувајќи ги младите“ става особен акцент врз младата популација за нивно правилно насочување во глобалната борба против сите негативни појави на дискриминација во општеството, велат од Полио плус.

{loadposition content9}