
Отсекот за превенција при СВР Охрид, во детскaта градинка „Росица” во населбата „Лескајца” и централната детска градинка „Јасна Ристеска”, го спроведе превентивно-едукативниот проект „Мојот пријател полицаец”.
-Пред 80 дечиња од градинките, полициски службеници низ интерактивен приод, се обидоа на најмладите да им дадат основни знаења за улогата на полицаецот во демократското општество и во заедницата, да им ја приближат полицијата како служба која на сите граѓани им служи, како вистински пријател и сервис на сите граѓани, да ја поттикнат довербата во полициските службеници како нивни заштитници. Пред најмладите беа презентирани и неколку основни правила за безбедност во сообраќајот, како основен постулат за развивање на безбедносната култура кај младата популација, информираат од СВР Охрид.
Latest Охрид
