Мојсовска: Во словенечкиот образовен систем доминира умешноста учениците да го развијат критичкиот став кон она што го учат
Критичкото размислување на ученикот, работата и улогата на специјалниот педагог кои се дел од образовниот процес во Словенија, се искуства кои би биле добредојдени за македонското образование. Вакви се впечатоците на нашата делегација од ОУ „Григор Прличев“ која неодамна беше во посета на ОУ „Песница“ во Марибор.
Делегација од ОУ „Григор Прличев“ гостуваше на меѓународната средба за соработка на неколку училишта која се одржа во Марибор, Словенија. Делегацијата ја предводеше директорката на училиштето Силвија Мојсовска. Средбата во Марибор беше од исклучително значење за нас, вели Мојсовска. Таа нагласи дека имале можност меѓусебно да се запознаат со начинот на работа и образованието во Македонија, Србија и Словенија. Присуствувале на дел од часовите во ОУ „Песница“ а посебен впечаток на нашите претставнци им оставил тоа што учениците во последните минути од часот имале можност да го изразарт својот став.
„Сами си даваат критика на самото знаење или незанаење, истото тоа го прават и нивните сооученици меѓусебно и тоа не им паѓа тешко ако неговото другарче каже дали било добро или не кажано и како би требало да се каже. Тоа е нешто што јас го увидов, критичкот размислување на ученикот“
Директорката Мојсовска присуствувала и на разговори од страна на дефектолог со ученик. Таа и тука забележала огромен напредок во споредба со нас. Имено поимот дефектолог таму бил заменет со поимот специјален педагог, што лично директорката смета дека и во македонскот образование би можело да се подразмисли за воведување на ваков поим. Во поглед на тоа колку нашите наставници имаат простор да се креативни и да внесуваат свој печат во наставата Мојсовска со став.
„Сите работиме по програми, овој начин со употреба на техникиве е начинот како ние наставните единици што ни се предвидени преку програмата да ги пренесеме на еден поразбирлив, поинтересен начин на учениците. Тоа остава простор. Тоа повеќе зависи од креативноста на наставникот, простор има и ние тоа го правиме. Ќе кажам дека можеби треба повеќе да обрнеме внимание на критичкото размислување, кај нас не се многу критични но и не сакаат да примаат критики посебно од другиот да му каже што знае или што не знае
Инаку во Словенија се учи само во една смена и тоа прва, паралелките се со помалку деца, постои само е- дневник, а го нема хартиениот дневник, екстерното се спроведува само во 6 то и деветто одделение и тоа по предметите словенечки, англиски и математика. Исто така во Словенија се изучува само англискиот јазик, немаат втор странски јазик.