Молк од институциите околу поставувањето на двојазични табли
Молк од институциите околу поставувањето на двојазични табли во ПЕ на ПИОМ Охрид.
И после два дена од нашето барање до ПИОМ во Скопје, во интерес на охридската јавност да добиеме одговор, дали поставувањето на двојазични табли е во согласност со Законот за употреба на јазици и врз основа на која одлука истите се поставени, од таму без одговор.
Иако од страна на лицето за односи со јавност со кое што првично контактиравме ни беше кажано дека ги добиле нашите прашања и истите ги проследиле до правните служби и дека одговорот ќе го добиеме уредно во најкраток можен рок, ништо од тоа.
Без став за двојазичните табли останавме и од Локалната самоуправа од Охрид. ТВМ и понатаму ќе настојува да добие одговор на поставените прашања до институциите со цел охридската јавност да биде транспарентно информирана зошто се поставуваат двојазични табли, на македонски и албански јазик, во институции во општина во која нема 20 % население кое го зборува албанскиот јазик.
{loadposition content9}