Skip to main content

Несреќа при работа

Момче падна од кров на фабрика во Охрид

22-годишно момче од Кочани се здоби со тешки телесни повреди откако падна од кров на фабрика во Охрид, при извршување градежни работи.
 |  инфодеск  | 
Работници на градилиште

На 11.10.2022 година во 13:00 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во болницата „Св.Еразмо” во Охрид со тешки телесни повреди бил однесен Б.И.(22) од Кочани.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи на кров од фабрика во Охрид. По насоки на Јавен обвинител, увид на местото извршиле полициски екипи и општински инспектор за безбедност и здравје – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.