МОН најавува реформи во средното стручно образование
Работодавачите алармираат дека има недостаток од стручен кадар и дефицитарни струки. Се повеќе се наметнува потребата од практична работа која ќе се воведува во наставниот процес за потребите на стопанството. Таков позитивен пример е практичната настава на учениците од ЕМУЦ Св.Наум Охридски, поддржана од Делегацијата на Германското стопанство.
Практична работа ќе се воведува во наставниот процес во сите стручни училишта. Се продолжува со започнатиот процес на реформи како што е примерот со дуалното образование во средното стручно улилиште „Св Наум Охридски. Ученици од електро- машинското училиште 2 години изведуваат практична настава во компаниите ОДВ, Костал и Леарница, а со поддршка од Делегацијата на Германското стопанство. Од примерот на ова училиште се констатира дека на овој начин учениците добиваат повеќе знаење и вештини и се поподготвени во производниот процес, кажа Мила Царовска, вицепремиерот за економски прашања. Стопанските комори и работодавачите алармираат дека има недосток од стручен и квалификуван кадар и дефицитарност од одредени струки, а на нашата земја и е потребна стабилна и одржлива економија, кажа Царовска при посетата на ЕМУЦ Св.Наум Охридски.
„Тоа укажува дека процесот на реформи кој се случувал во образованието во последните 20 тина години не ги дал потребните резултати. Но, со ова тестирање на програмите за дуално образование се увидува дека може да се постигне усогласување на понудата и побарувачката на пазарот на труд“, напомена вицепремиерот Царовска.
Патрик Мартинс, директор на Делегацијата на германското стопанство, кажа дека се задоволни од досегашната соработка со Владата и Министерството за образование. Во 5 градови во земјава, меѓу кои е и Охрид, се вклучени 10 компании, а учествуваат над стотина ученици со 4 годишна обука, како јавни партнери во изведување на практичната настава.
„Гледаме дека е прифатено и од родителите и од ученците од средните училишта. Обуката е во пораст и е добар начин да се креираат најдобри можности за професионалната кариера на младите со софистицирани нови професии како мехатроника, машинци кои се барани на пазарот. Гледаме инвестиици за развој на компаниите и потреба од обуки и задоволни сме“истакна Патрик Мартинс.
Од Министерството за образование најавуваат реформи во средното стручно образование. Продолжуваме со зопочнатите процеси од пред две години за да излеземе во пресрет на стопанството за квалификуван стручен кадар, посочи Елизабета Наумоска, заменик министер за образование и наука.
„Практичната работа се враќа во повеќе стручни улилишта. Зајакнат е тој начин на поврзување со стопанството и бизнис секторот. Ние го препознавме и ќе го поддржуваме континуирано“, кажа Наумоска.
Домаќин на средбата беше Сашо Недески, директор на ОСМУЦ „Св Наум Охридски“, кое 2 години е дел од дуалното образование и нивни ученици изведуваат практична настава во компаниите ОДВ , Костал и Леарница.
„Имавме интересна средба и констатиравме преку дискусии свои размислувања. Партнерски мислења, за прв пат некој да не е доминантен туку сите на исто ниво дискутиравме какви се потребите во иднина на компаниите, како училиштата да го искоординираат сето тоа за подобра реализација на проектот дуално образование“, подвлече Недески.
Во посета на средното стручно училиште СЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ покрај вицепремиерот за економски прашања Мила Царовска, заменик министерот за образование Елизабета Наумоска, Патрик Мартинс од Делегацијата на Германското стопанство и Ристо Николески, заменик градоначалникот на Охрид беа и претставници од компаниите ODW, Костал и Леарница.