Skip to main content

НП „Галичица“ ќе се опремува за подобра контрола и мониторинг на островот Голем Град

Проектот кој ќе се реализира годинава предвидува изградба на понтонски пристаништа во Преспанско езеро, со кои ќе се овозможи подобра контрола на островот Голем Град.
 |  инфодеск  | 
Мониторинг островот Голем Град

Во годишната програма за природа на Министерството за животна средина се обезбедени 20 милиони денари, или околу 325.000 евра кои ќе треба да се наменат за активности со кои ќе се унапреди работата на националните паркови и ќе се обезбеди потребната инфраструктура за поуспешно да функционираат.

Според најавите од Министерството, НП „Галичица“ ќе биде поддржана во набавка на опрема за подобра контрола и мониторинг на островот Голем Град.

На Галичица се работи на уредување локалитет за посетители на кој се градат дрвени маси и клупи, а ќе се постават и штанд за продажба на сувенири и вендинг машини за кафе и храна. Проектот за годинава, пак предвидува изградба на понтонски пристаништа во Преспанско езеро, со кои ќе се овозможи подобра контрола на островот Голем Град.

Извор : МЕТА.МК

Фото: Архива ТВМ