На локалитетот Шарбојца – Асан Ѓура, беше извршена мониторинг активност за пребројување на мраморци од видот Triturus macedonicus.
„Оваа активност се спроведува во рамки на Програмата за долгорочен мониторинг на биолошката разновидност во Националниот парк Галичица, а методологијата опфаќа привремено заловување, евидентирање и ослободување на единките во темпоралните локви Асан Ѓура и Симонческа локва.“ – информираа од НУНП Галичица.
Aктивностa беше спроведена во соработка со Македонското еколошко друштво претставена од херпетологот Др. Драган Арсовски, а исто така активно учество зедоа и експерти од Германија.