Skip to main content

Екологија

Mониторинг станица за мерење квалитет на воздухот

Охрид добива автоматска мониторинг станица за квалитет на воздухот. Станицата ќе биде дел од Државниот Автоматски Мониторинг Систем.
 |  Голабовски Крсте  | 
мониторинг станица

Охрид добива автоматска мониторинг станица за квалитет на воздухот. Станува збор за уред кој ќе биде дел од Државниот Автоматски Мониторинг Систем со кој управува МЖСПП.

мониторинг станица

Во објавениот оглас за јавна набвка, кој е извадок од службен весник, наведена е набавка на една автоматска мониторинг станица за квалитет на амбиенталниот воздух со вклучена обука за потребите на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух за 2022 година.

Планирано е со мониторинг станицата ќе се воспостави механизам за редовно следење на состојбата со квалитетот на воздухот и изворите на загадување.

Објавата за јавна набавка е поместена на сликата како извадок од Службен весник на РСМ бр.111 од 10 мај, 2022 година.