Skip to main content

Монографија за ОМУ „Методи Патче“

50 години, основно музичко училиште „Методи Патче“. Неговото формирање, раст и развој ставени на страниците на монографијата која денес беше промовирана. На денешниот настан присуствуваа професори во пензија, ученици кои постигнале забележителни резултати како и преставници од Локалната самоуправа.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Педесетгодишното постоење на основното музичко училиште „Методи Патче“, ставено во монографија. Денес оваа книга беше промовирана пред охридската јавност од страна на некогашната професорка по флејта, Радмила Попоска. Присутни беа некогашните директори на училиштето, професори во пензија, актуелни професори како и ученици кои постигнале видни успеси и резултата. Промоцијата беше исполнета со многу емоции и спомени од времето кога училиштето се основало па до денес. Монографијата била подготвувана повеќе од една година и во неа се сконцентрирани фотографии, разговори со оние кои оставиле белег во ова училиште како и младите генерации кои преставуваат иднината на истото.

Се надевам дека преку слика и збор ја прераскажавме историјата на музичкото училиште во кои и ние сме биле ученици. Јас овде сум веќе триесет години. Најпрво како ученик, а сега како раководител и вработен. Училиштето за мене преставува втор дом и со големо задоволство ја извршувам мојата работа, вели директорката Нина Момировска.

Во изработката на монографијата покрај Момироска учествувал и новинарот и публицист, Милчо Јованоски. Тој вели дека кога ја добил понудата да работи на монографијата без двоумење ја прифатил не знаејќи во каква авантура се впушта. Јованоски кажува дека иако било напорно да се приберат сите податоци од самото основање на училиштето па до денес, тоа му преставувало и огромно задоволство.

Мене најимпресивно ми делува живите контакти и средбите со луѓето кои продефилирале низ музичкото училчилиште и оставајќи зад себе неизбришлива трага. Се обидов да ја извлечам сета нивна емоција и се надевам успеав во тоа. Благодарение на модерната технологија успеавме да исконтактираме и со они е кои се распрснати по светот и кои таму изградиле успешни кариери,а започнале како ученици на музичкото училиште, вели Јованоски.

Има многу имиња за спомнување како што се Владимир Василевски-Четкар-гитарист, Васко Дукоски-кларинетист, Ева Нединкоска-пијанист, Горан Папаз-иструменталист и мн. други.

Директорката на музичкото училиште вели дека не застануваат тука. Оваа монографија е само основа за идните генерации кои ќе ја пишат историјата во наредните педесет години. Таа вели дека не се откажуваат и од идеата за прераснување на основното музичко училиште во средно. Горда е што од година во година расте бројот на запишани ученици во оваа образовна институција. Во оваа учебна година 320 ученици музички ќе се образуваат во Методи Патче. Ова училиште со своите успеси и освоени награди ги надмина националните рамки и е познато и признато ширум Европа. Следуваат уште многу гостувања и натпревари по европските градови од каде сигурно ќе се вратиме со награди, вели Момироска.

{loadposition content9}