Монографијата „Охридскиот бисер во фамилиите Филеви и Талеви“ го виде светлото на денотф
Монографијата„Охридскиот бисер во фамилиите Филеви и Талеви“ промовирана пред многубројните гости , љубители на охридскиот бисер и на пишаниот збор. Ова е прво пишано дело за охридскиот бренд, бисерот. Авторите и преставниците на фамилиите кои изработуваат охридски бисер рекоа дека тоа преставува круна на едновековното постоење на бисерот.
Монографијата „Охридскиот бисер во фамилиите Филеви и Талеви“ го виде светлото на денот. Таа денес беше промовирана во кафулето Аквариус пред многубројни гости , љубители на охридскиот бисер и на пишаниот збор. Монографијата е во издание на Националната установа за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, а автори се Оливера Мишева, етнолог и кустос при Завод и музеј и Никола Митровиќ, Доктор по историски науки. Тие на самиот почеток кажаа по неколку збора како настанала оваа монографија и што се во неа е опфатено.
Навлеговме малку во тајните на правењето на охридскиот бисер, но сдамо онолку колку што можевме бидејќи тоа е семејна тајна која се пренесува од генерација на генерација и тоа по усмен пат. СЕ работи за три работилници, две на семејството Филеви и една на семејството Талеви во кои сеуште на автентичен начин се изработува бисерот, рече Мишева.
Историчарот Никола Митровиќ зборуваше за тоа дека историски гледано се до дваесаеттите години на дваесеттиот век во мозаикот за Охрид недостасувало нешто. Со појавата на охридскиот бисер во 1924 год кога за прв пат бил изработен од семејството Талеви, и во 1928 кога го изработиле во семејството Филеви Охрид си го добил својот препознатлив бренд.
Ако пак го разгледаме книжниот мозаик на Охрид ќе видиме дека тој не бил потполн бидејќи недостигала една вакво книжно дело во кое се обработува охридскиот бисер. Оваа монографија преставува само основа врз која ќе можат да се надградуваат и други дела, рече Митровиќ.
Во книгата се објавени низа податоци и факти поврзани со почетоците на изработката на охридскиот бисер во двете познати охридски семејства. Исто така поместени се и информации за нивното потекло, дејствијата на членовите и нивните животни приказни. Климент Талев чија фамилија за прв пат започнала со правење охридски бисер вели дека овој денешен настан е само потврда колку нивната работа е значајна за градот и пошироко.
Оваа мала книшка има огромно значење за нас. Таа е круна на едно речиси вековно постоење и работење во овој занает. Нашата фамилија годинава навршува 92 години откога започнала да го прави охридскиот бисер, а Фамилијата Филеви го работа 89 години. Ние и понатаму продолжуваме да го негуваме занаетот преку нашите наследници, вели Талев.
Никола Филев, постариот син во семејството Филеви кажа дека се она што го имал како знаење го пренесол на неговиот син Махајло кој ја продолжува традицијата.
Најголемата тајна на овој занает е да се работи со срце и душа . Ние тоа го наследивме од нашите предци и им го пренесуваме на нашите деца. Да си охриѓанец е голема привилегија и чест, но во исто време е и голема одговорност, рече Никола Филев.
Павел Филев пак помладиот син од семејството Филеви додаде.
Горди сме на нашето минато и затоа сме опстанале толку долго . Тоа ни е гаранција дека и во иднина ќе опстаниме и како семејство и како носители на еден исклучителен занает кој не прави амбасадори на Охрид, рече Павел Филев.
Главниот иницијатор за да се направи оваа монографија е Михајло Филев, подмладокот од ова семејство кој активно се занимава со овој охридски занает.
Ова е еден темел за и понатаму да се негува и зачува занаетот и да се усовршува пратејќи ги новите трендови, воедно чувајќи ја традицијата, рече Михајло Филев.
Марија Филева е уште една од наследничките која сака да даде и една нова димензија на изработка на охридскиот бисер спојувајќи ја со филигранството.
Ова за нас е голем предизвик, да продолжиме по патот кој ни е трасиран, но да дадеме и дел од себе и да внесиме нешто ново, рече Марија Филева.
Монографијата од денес е достапна за читателите љубителите на пишаниот збор.