Skip to main content

Монографијата за охридската гимназија ќе излезе од печат

Монографијата  за охридската гимназија сепак ќе го види светлото на денот.

 |  Валентина Неловска  | 
gimnazija
gimnazija

Монографијата  за охридската гимназија сепак ќе го види светлото на денот. По неколку години чекање  ќе биде отпечатена во тираж од 500 примероци. Автор на монографијата  е историчарот порф. Д-р Павле Митрески. Историчарот  повеќе од 5 години прибирал материјали, документи , слики и мемоари. Во книгата се содржани сите детали за почетокот на изградбата на објектот, како и животот на градителот, мајорот во турската војска Ејуп Сабри. На почетокот од 20 век мајорот Сабри потрошил голем дел од свјот имот за да го подигне монументалниот објект во кој денес е сместена охридската гимназија, раскажува д-р Митрески.
gimnazija
„ Со години ми тлееше идејата да напишам нешто за охридската гимназија. Гимназиското образование во Охрид е многу старо. Прогиманзијата датира од пред 210 години, а гимназијата  100 години и си мислев кој ли ја изградил оваа зграда која им пркоси на архитектите во Македонија и  Охрид. Интерсно здание кое посебно блесна по целосната  реконструкција со изгледот  кој го имала на самиот почеток од 1908 година, вели професорот“.
 
 Монографијата ќе биде отпечатена со помош на Локалната самоуправа, а ќе биде промовирана на 8 декември кога се слави патронот на градот и гимназијата,  Св. Климент Охридски.  За таа намена со пари од општинскиот буџет се прават и завршните подготовки околу  реконструкцијата и доградбата на поткровјето на гимназијата.

„Засилено се работи на довршување на внатрешните работи на поткровјето на гимназијата кое ќе биде свечено предадено во употреба на 8 декември. Градот ќе добие простории од 1000 м квадратни корисна површина кој во иднина ќе се користат  за одржување  настани надвор од наставниот процес“, напоменува Серафим Наумоски, од Локалната Самоуправа.

Покрај монографијата за охридската гимназијата, Локалната самоуправа ќе ја  издаде  и книгата „Охридски времеплов“ од охридскиот новинар Илче Стојаноски, со тираж од 1000 примероци.

{loadposition content9}