Skip to main content

ЈП Водовод – Охрид

Mонтирана нова потопна пумпа во бунарот Студенчишта

Mонтирана нова потопна пумпа во бунарот Студенчишта.
 |  инфодеск  | 

Од ЈП Водовод информираат дека одделението за електромашински работи изврши демонтирање на старата и дотраена потопна пумпа од бунарот Студенчишта (бунар 2).

-Со цел да се обезбеди стабилно и континуирано водоснабдување, монтирана е нова потопна пумпа со јачина од 59 kw, велат во нивното соопштение.

Од јавното претпријатие посочуваат дека продолжуваат со активностите за одржување и обновување на водоснабдителните капацитети.