Skip to main content

ЈП Водовод – Охрид

Монтирани нови потопни пумпи во Орман и Вапила

ЈП Водовод со активности за одржување и обновување на водоснабдителните капацитети.
 |  инфодеск  | 

Од ЈП ВОДОВОД Охрид информираат дека продолжуваат со активностите за одржување и обновување на водоснабдителните капацитети на претпријатието.

Одделението за електромашински работи изврши демонтирање на старите и дотраени потопни пумпи од бунарите во с.Орман (бунар 1) и во с.Вапила. Со цел да се обезбеди стабилно и континуирано водоснабдување, монтирани се нови потопни пумпи со јачина од 37 kw за бунарот во с.Орман и 5,5 kw за бунарот во с.Вапила, велат во своето соопштение.