На вчерашниот состанок на Клубот на млади дел од волонтерите имаа можност да учествуваат на мотивациска работилница за волонтери со претседателот и потпретседателот на Црвен крст Охрид.
На истата околу 25 млади волонтери имаа можност да разговараат за нивното искуство во рамките на Црвен крст, нивната мотивација, нивните интереси, идеи и желби.
Работата со младите отсекогаш бил еден од приоритетите на Црвен крст Охрид, па баш со таа цел вчера и беше одржана оваа активност, за да се слушне мислењето на волонтерите и да се мотивираат и понатаму да бидат позитивната промена во нашето општество. Се заблагодаруваме на претседателот Сашо Точков и потпретседателот Весна Терзиоска за одвоеното време и на волонтерите за нивното учество на оваа работилница – велат од Црвен крст Охрид.