Skip to main content

Дебарско-кичевска епархија

Мотивирачки пораки на Порфириј од Охрид

Српскиот Патријарх г.г. Порфириј во дводневна посета на Охрид и Струга. Неговата посета беше проследена со силни пораки за мир и меѓусебно разбирање и подготвеност секој да си го најде своето место под сонцето.
 |  инфодеск  | 
Порфириј

Делегација на српската православна црква, предводена од патријархот Порфириј, на покана на архиепископот на  Македонската православна црква  г.г Стефан во посета на Охрид и Струга.

По вчерашниот престој во манастирот Рождество на Пресвета Богородица – Калишта каде беше отслужена Доксологија – Славословие, денес во посета на храмот Света Богородица Перивлепта во Охрид, Галеријата на икони, како и други цркви и културно историски споменици.

„Гледајќи ги овие свети места, разбираме дека на нашите претходници најважно им било да ја задржат православната христијанска вера, но не само да ја чуваат туку и навистина да ја живеат според Евангелието. Со поклонувањето пред светците и доаѓањето на светилиштата, имаме најдобра можна шанса и можност да се погледнеме себеси за да се восхитуваме на што оставиле како традиција и како духовна култура оние кои пред нас, живеејќи пред православната вера“ – потенцира Патријархот.

Голем благослов и радост е што може да му се молиме на бога за спас на целиот свет, за мир во светот, за мир меѓу луѓето,при што Патријархот мотивирачки прецизира дека меѓусебното разбирање и подготвеноста ќе доведат секој да си го најде своето место под сонце.

Престојот во Охрид Неговата Светост ќе го заврши со посета на Манастирот Св.Наум Охридски.